Повторно лоши вести: По загубата на бебето на Џон Леџенд, почина уште еден член од семејството!

8 февруари, 2021
61555c6a591d565a72be.jpeg

Музичарот се збогуваше со друг член на семејството. Имено, само неколку дена по неговиот 91 роденден, неговата баба почина.

Тажната вест заврши во 2020 година за музичарот Џон Леџенд, а 2021 година исто така започна за истиот начин за него. Само четири месеци откако тој и неговата сопруга Криси Тајген го загубија своето бебе, славниот музичар се опрости со уште еде член на семејството.

Имено, само неколку дена по неговиот 91 роденден, неговата баба почина.

– Мојата прекрасна баба, Марџори Максин Стивенс, го напушти овој свет рано наутро, само неколку дена по нејзиниот 91 роденден. Ние сме толку благодарни за животот што го живееше, за љубовта што ја сподели со нејзините многубројни деца, внуци, правнуци и сите други. Таа беше најгрижливата и најсовесна баба што можете да ја замислите. До последните денови ни испраќаше роденденски честитки. Ние секогаш го славевме Божиќ со неа, сè додека не бевме толку многу, што не застанавме сите во нејзината розова куќа во Спрингфилд. – напиша тој покрај фотографијата со неговата баба што ја објави на Инстаграм.

Тој беше многу приврзан за неговата баба и се восхитуваше на нејзината енергија и волја за живот и е среќен што таа можеше да биде сведок на неговите големи успеси.

– До последните моменти беше активна, полна со љубопитност и енергија. Таа секогаш имаше приказна и зборови на поддршка и љубов. Таа ни даде безрезервна поддршка во сè. Драго ми е што таа имаше можност да ги види плодовите на сè што ни даде. Таа го обиколи светот со нас, отиде со мене на доделувањето на мојот прв Греми. Ние сме семејството што сме поради љубовта што таа ни ја даде на сите. Тажни сме затоа што ја изгубивме, но повеќе од сè го цениме исполнетиот, благословен живот што го водеше. Нека почива во мир – напиша тој.

escort - Korsan taksi