Позираше со мистериозната бринета: Стјепан Хаусер конечно ја покажа својата сирена!

2 март, 2021
BeFunky-collage-3.jpeg

Таа се врати! Мистериозната бринета која ужива на Малдивите со виолончелистот Стјепан Хаусер се врати на социјалните мрежи. Откако ја видовне во неколку видеа, девојката чиј идентитет заинтригираше многу обожаватели стана сирена. И иако овој пат не и го покажа лицето на девојката ниту откри која е, виолончелистот позираше со својата сирена, како што ја нарекуваше тој. Фотографиите го одземаат здивот, а може да види колку тој ужива да биде со неа.

На Стјепан и на споменатата девојка не им е досадно. Со прекрасни зајдисонца, песочни плажи, тиркизен океан, тие синоќа почувствуваа вистинска романтика. Филмското сценарио го заврши возење со брод, но и актерска сцена од култниот филм Титаник. Таквата атмосфера продолжува и денес. Имено, тој пред два часа објави дека оди во потрага по својата сирена. Неколку моменти подоцна, тој ја најде. Атрактивна бринета пливаше во океанот облечена во познатата опашка сирена. Откако ја пронашол, тој ја однел кај чамецот, каде што позирале во страсна прегратка. За жал, Стјепан и овој пат и го сокри лицето.

Потсетуваме, девојката за која се пишуваше во последните десет дена, а чиј идентитет сè уште не е познат, се појави во видеата на Стјепан на крајот на минатиот месец. ‘Заслужен одмор. Уживаме во рајот’, напиша тогаш музичарот, со снимки на кои позира со насмевка на лицето со привлечна бринета, која носеше летен outfit – костим за капење и бело парео.