Принцот Чарлс беше пресретнат од новинарите, еве како реагираше на споменувањето на интервјуто со Меган и Хари

10 март, 2021
profimedia-0596244351-e1615307741571

Тоа беше негово прво појавување по извештаите дека принцот од Велс бил „очаен“ во врска со интервјуто на Хари и Меган со Опра

Откако Меган Маркл и принцот Хари ја шокираа водителката Опра Винфри, а потоа и целиот свет, тврдејќи дека член на кралското семејство расистички ја коментирал потенцијалната боја на кожата на нивниот тогаш нероден син Арчи, на социјалните мрежи се отвори „обложувалница“ за кој би можел да биде. Судејќи според коментарите, огромното мнозинство покажуваат со прст кон таткото на Хари, принцот Чарлс. Целиот гнев на јавноста оттогаш е насочен кон него и сите со нетрпение чекаат што ќе направи синот на кралицата Елизабета Втора.

Не им требаше долго за новинарите да го пресретнат Чарлс, на неговиот прв излез од куќата по овие обвинувања. Принцот од Велс се држеше храбро со доаѓањето денес пред црквата Хесус Хаус во Лондон, која неодамна беше претворена во клиника за вакцинација на коронавирус.

Тој беше срдечно пречекан на клиниката и беше расположен додека разговараше со вработените таму. Но, на новинарско прашање што мисли за интервјуто на неговиот син, принцот Чарлс не одговори, туку нервозно се смееше под маската на лицето и продолжи да оди, пишува The Sun. Една жена, која на пресот се претстави како Грејс, тврди дека имала краток разговор со престолонаследникот пред Црквата, односно клиниката за вакцинација. Таа за новинската агенција ПА изјави: „Тој беше доста интерактивен со луѓето и покрај целата драма. Многу сум среќен што дојде да нè охрабри да се вакцинираме “.

escort - Korsan taksi