Принцот Хари и Опра најавија емисија за менталното здравје само два месеци по големото интервју

11 мај, 2021
princ-hari-megan-markl-830x0

Во шоуто ќе бидат емитувани и интервјуа со пејачката Лејди Гага, актерката Глен Клоуз и Ѕвездите на НБА, Де Мар Де Росан и Ленгстон Галовеј

Принцот Хари (36) е еден од креаторите и извршните продуценти на шоуто за ментално здравје „Јас што не можеш да го видиш“, кое ќе го снима заедно со водителката Опра Винфри, а неговото емитување ќе започне наскоро и нема да биде бесплатно.

Имено, 36-годишниот Хари го најави шоуто во видео во кое вели дека повеќето луѓе носат некаква форма на нерешена траума, загуба или тага. Со тоа тој даде до знаење дека во емисијата ќе се зборува за неговото ментално здравје и загубата на неговата мајка принцезата Дијана, како и за сè што минуваше откако Меган Маркл стана дел од британското кралско семејство, односно негова сопруга.

Во емисијата ќе бидат емитувани и интервјуа со пејачката Лејди Гага, актерката Глен Клоуз и Ѕвездите на НБА, Де Мар Де Росан и Ленгстон Галовеј, кои ќе се обидат да им помогнат на гледачите со проблеми со менталното здравје и емоционалната благосостојба.

Тие ќе ја занемарат културата, возраста, полот и социо-економскиот статус со цел да ја дестигматизираат крајно погрешно разбраната тема и да им дадат надеж на гледачите, кажувајќи им дека не се сами во своите борби.

Шоуто треба да започне да се емитува на 21 мај, објави Опра Винфри преку соопштение за јавноста, како и на социјалните мрежи, а Хари рече дека се надева дека неговиот последен проект ќе покаже дека има сила во секоја ранливост.

Веста доаѓа два месеци по шокантното интервју што Хари и Меган го снимија со Опра, во кое, меѓу другото, зборуваа за нивните борби со менталното здравје.