ПРИНЦОТ ХАРИ СЕ ОГЛАСИ ВО ВРСКА СО ПОКОЈНИОТ ДЕДО: Со пиво во рака, ќе ни кажеше – „Ма, продолжете понатаму“

12 април, 2021
13539_h-55939848_f

По повод смртта на принцот Филип, се огласи и неговиот внук Хари, велејќи дека неговиот дедо е „човек од служба“ и „легенда на хуморот“.

– Тој беше автентичен, досетлив и со својот шарм можеше да го задржи вниманието во секое време, особено затоа што никогаш не знаевме што ќе рече следно – изјави принцот Хари во изјавата пренесена од BBC.

Како што изјави, неговиот дедо ќе остане запаметен како одликуван војник, принц и војвода.

„Но, за мене, како и за многумина од вас кои сте изгубиле сакана баба или дедо минатата година, тој беше дедо, мајстор за скара, легенда на хуморот, дрзок до крај“, рече Хари и додаде дека Филип и беше „карпа на кралицата“.

– Знам дека тој на сите нас, со пиво во рака ќе ни кажеше – „Ма, продолжете понатаму“.

– Дедо, ти благодарам за услугата, посветеноста кон баба и што секогаш си беше свој – заклучи принцот Хари.

escort - Korsan taksi