Разголениот Дејвид Гета во секси пози со згодната манекенка

12 април, 2021
profimedia-0604750394-1024x683

Дејвид Гета и Џесика Ледон уживаат во својата љубов, а судејќи според нивните најновите фотографии од плажа, тие се заљубени повеќе од кога било.

Еден од најуспешните и најпопуларните диџеи во светот, Дејвид Гета, беше снимен додека ужива на плажа во Мајами, разменувајќи нежности со неговата девојка Џесика Ледон, која е 24 години помлада од него, и од која се разделува само во ретки моменти.

Двојката беше одлично расположена, а многумина ги забележаа и им се восхитуваа на нивните привлечни појави и извајаните тела. Како да не биде, кога 29-годишната Џесика ги покажа волшебните облини во танга бикини, а 53-годишниот Дејвид се пофали со извајаното торзо што го краси мускул до мускул.

Заљубените гулапчиња се во среќна љубовна врска последните неколку години, а наводно згодниот модел бил причина Дејвид во 2014 година да се разведе од поранешната сопруга Кети Лоб, со која помина повеќе од две децении во брак и доби две деца.

Двојката го поминува секој слободен момент заедно, и иако се шпекулира дека се вериле, тие сè уште не го потврдиле тоа.

escort - Korsan taksi