Ријана „жари и пали“ во минијатурен фустан кој едвај покриваше сè што требаше (ФОТО)

19 февруари, 2021
profimedia-0497096230-830x0

„Таа атмосфера“, „Ракета“, „Изгледаш одлично“, „Бомба“, „Фустанот ти е прекраток“, „Легендарен изглед“, беа коментарите под новата фотографија на Ријана на Instagram

Американската пејачка од Барбадос, Ријана (32) на социјалната мрежа Instagram објави нова фотографија на која позира во „батички“ стил, а со таа фотографија предизвика бројни реакции од обожавателите.

Имено, славната пејачка докажа дека таканаречениот „батички“ стил, кој потекнува од Индонезија, сè уште е актуелен и модерен и дека најголемите sвезди се осмелуваат да носат екстремно шарени работи.

Убавата Рири облече шарен фустан, стави шарена шапка на главата и се украси со многу накит, додека во раката држеше цигара.

Сопственичката на хитот „Umbrella“ носеше очила за сонце со шарени рефлексии на лицето, а во мини фустан уште еднаш ги истакна своите бројни облини.

Нејзиното бујно деколте беше во прв план, како и бутовите и тесниот струк.

Објавата собра скоро 6 милиони лајкови.

Популарната пејачка ја следат 90,8 милиони следбеници на споменатата социјална мрежа, а собра и бројни позитивни коментари.

„Таа атмосфера“, „Ракета“, „Изгледаш одлично“, „Бомба“, „Фустанот ти е прекраток“, „Легендарен изглед“, беа коментарите под фотографијата.

escort - Korsan taksi