Роберт Де Ниро примен во болница: Глумецот повреден на снимањето на филмот

14 мај, 2021
920caef19d2c0b72f4eae9c25e3596e3fea4f1e4

Славниот глумец се здоби со повреди во текот на снимањето на новото филмско остварување

Роберт Де Ниро е примен во болница, за време на снимањето во Оклахома. Глумецот ја повредил ногата, но веднаш отишол во болница во Њујорк, за да го прегледаат.

Како што пренесуваат странските медиуми, не е познато за каков вид повреда станува збор и дали се работи за сериозна повреда.

– „Роберт и онака требаше да отпатува во Њујорк на две недели, така да одложување на филмот нема да има“, рече ПР-от на глумецот.

Де Ниро моментално го снима филмот “Killers of the Flower Moon”, каде игра заедно со колегата Леонардо Ди Каприо.

escort - Korsan taksi