СЕ ОМАЖИ ЗА ПРИЈАТЕЛ НА ТАТКО И, ЈА ИСПРАТИ РОДЕНАТА МАЈКА ВО ЗАТВОР, ГО МАЃЕПСА СВЕТОТ СО СВОЈАТА УБАВИНА: Бурниот живот на фаталната русокоса!

5 јуни, 2021
209505_profimedia0468587849_ls

Нејзиниот живот ја интригира јавноста со години, и едно е сигурно, тој е далеку од секојдневие

Имотот на манекенката е проценет на 25 милиони долари, а се чини дека Бар сакала да заштеди не плаќајќи данок на Израел, тврдејќи дека поголемиот дел од времето е во странство, а не во нејзината матична земја. Судот и наложи да плати осум милиони долари долг од 2009 и 2010 година. Нејзините адвокати ја бранеа, тврдејќи дека таа била скоро цело време во Америка и дека живеела со своето момче Леонардо ди Каприо, но докажано е дека таа поминувала повеќе од 150 дена годишно во Израел. Покрај тоа, Бар им соопшти на американските даночни власти дека живее во нејзината матична земја и плаќа даноци таму. Сепак, на крајот се откри нејзината лага.

Инаку, израелските граѓани кои живеат во странство не се обврзани да ги пријавуваат своите приходи надвор од земјата. Но, израелските власти ја обвинија манекенката и нејзината мајка дека прогласиле измислен престој во странство со цел да плаќаат пониски даноци во земјата.

Манекенката ја плати казната, а всушност нејзината мајка отиде во затвор. Таа беше осудена на 16 месеци затвор, парична казна од 2,5 милиони шекели и плаќање на заостанатите даноци. Беше ослободена од затвор во мај годинава, по 12 месеци издржување на казната.

Bar Rafaeli

Поранешниот ангел на Викторија е во брак од 2015 година со претприемачот Ади Езра (46), кој по потекло е од Израел, исто како неа. Двојката ги има ќерките Лив (4) и Елу (3) и синот Давид (1). На многумина им е позната и по тоа што четири години беше во врска со Леонардо ди Каприо.

Бар Рафаели предизвика контроверзни мислења кога избегна да одлежи две години задолжителен воен рок со тоа што се омажи за пријател на нејзиниот татко и потоа се разведе од него. Оженети жени и бремени жени се ослободени од воена служба во Израел.

Таа се занимава со манекенството скоро цел живот, бидејќи како бебе се појави во неколку реклами на телевизија. На возраст од осум месеци, таа ја доживеа работата на модел кога се појави во израелски реклами.

На 12-годишна возраст престанала да се занимава со моделинг затоа што носеше протеза. Неколку години подоцна, продолжи со бизнисот, а во 2000 година, победи на модниот натпревар „Модел на годината“ во Израел и така нејзината манекенска кариера се вивна.

Таа се појави во меѓународните изданија на списанијата „Вог“,„Максим“ и „Ескваер“. Соработуваше со познати брендови вклучувајќи ги „Шанел“, „Ралф Лорен“, „Викторија Сикрет“ и „Рибок“. Бар во 2007 година, стана втората израелска манекенка што се најде на насловната страница на списанието „Спортс илустрејтед“.

Бар Рафаели е успешна и како водителка, од 2013 година го води шоуто „Икс Фактор Израел“, а во 2019 година беше водителка на Евровизија што се одржа во Тел Авив.

escort - Korsan taksi