Се појави фотографија од Ирина Шајк во ДОЛНА ОБЛЕКА од 2006 година: Вака ИЗГЛЕДАШЕ манекенката кога имаше само 19 години

10 април, 2021
shutterstock_1312379918

И денес е еден од најпопуларните модели

Познатата руска убавица, која последните години гореше и палеше на пистите на светските модни метрополи, ги воодушеви своите бројни обожаватели со својот последен пост на Инстаграм.

Нејзиниот пат кон светската слава во модната индустрија започна во 2006 година, а сега таа одлучи да се присети на своите почетоци.

Во 2007 година, Ирина Шајк го доби првиот голем моден ангажман и стана главна sвезда на кампањата на брендот “Intimissimi”, а неколку години подоцна стана една од најбараните модели на денешницата.

На својот профил на Инстаграм, кој го следат повеќе од 14 милиони обожаватели, Ирина реши да се осврне на своите почетоци во модната индустрија објавувајќи фотографија во долна облека направена во 2006 година.

Од таа година, нејзината кариера тргнува по нагорна траекторија и до ден денес имаше можност да краси бројни насловни страници на модни списанија, да носи ревии на водечки дизајнерски брендови и да се појави во улога на модел во нивните бројни кампањи.

Кога не шета по модните писти на светските метрополи на модата, денес 34-годишната Ирина Шајк претпочита слободното време да го поминува со нејзината четиригодишна миленичка Леа од врската со холивудската sвезда Бредли Купер.

Бредли и Ирина ја започнаа својата љубовна врска во 2015 година и беа заедно четири години.