СЕКСИ ИЗДАНИЕ: Анџелина Џоли во добро друштво на вечера!

6 март, 2021
profimedia-0397985006

Четири девојки уживаа во елитен ресторан!

Една од најпознатите холивудски актерки, 45-годишната Анџелина Џоли, излезе на вечера со Елен Помпео, 51-годишната sвезда од серијата „Grey’s Anatomy“ и нивните ќерки. Јаделе во врвен италијански ресторан во Беверли Хилс, а пријателството меѓу нив е двојно. ‘Нивните ќерки се добри пријатели и Анџелина и Елен одлично се согласуваат. На крајот на краиштата, тие се соседи’, изјави неименуван извор за „ Пипл “.

Џоли носеше бел фустан и голи потпетици за вечерно излегување, што е необична облека за неа која во последно време се облекува претежно во црно. Да потсетиме, Џоли неодамна даде ексклузивно интервју за британски Вог во кое зборуваше за одгледување на шест деца, ги посвои 19-годишниот Медокс, 17-годишниот Пакс, 16-годишната Захара, 14-годишната Шајло и од бракот со Бред Пит има 12-годишни близнаци Вивиен и Нокс. Таа призна дека не е класична мајка, но сака да одржува филмски вечери со пуканки со своите деца.

‘Иако сакав да имам многу деца и да бидам мајка, секогаш го замислував тоа во улогата на Џејн Гудал како патува низ џунглата. Никогаш не размислував за мајчинството на традиционален начин. Се чувствувам како да немам вештини за да бидам таква мајка, но се снаоѓам затоа што децата се прилично издржливи и ми помагаат, но и јас воопшто не сум добра во тоа’ изјави Џоли.

escort - Korsan taksi