ШОК: Рафаел Надал страда од мистериозна болест која ги напаѓа коските!

28 февруари, 2021
22bf7eefb4f5637304406cd95dbe358c31d215f1

Најдобриот тенисер во светот има големи болки…

Со оглед на тоа што тој честопати имаше повреди во текот на неговата кариера што му правеа сериозни проблеми, шпанските медиуми презентираа досега непознати детали за поранешниот тенисер број еден во светот.

Рафаел Надал, според шпанските медиуми, страда од болест Милер-Вајс, која сè уште е непозната за лекарите. Главно ги напаѓа коските на стапалата, односно централниот дел на тој дел од телото, што предизвикува многу силна болка при ненадејни движења.

Како што се наведува, Надал дознал за оваа болест уште во 2005 година, бидејќи лекарите ги поврзале неговите повреди од тој период со тоа. Исто така е познато дека Рафaел често има проблеми со колената како резултат на оваа мистериозна болест, но има и одредени проблеми со стапалата.

-Тешко е да се заклучи дека ова е болест во рана фаза. Лекарите стануваат сигурни само кога таа напредува. Болката се појавува во средината и задниот дел на стапалото, овие делови отекуваат, а болката потоа се пренесува нагоре, преку глуждот до коленото. Додека пациентот оди или трча, ситуацијата се влошува – објасниле лекарите за шпанските медиуми.