ШТО СЕ СЛУЧУВА? Џеј Ло и Алекс Родригез видени заедно по раскинувањето

26 април, 2021
profimedia-0597174457

Очевидците опишаа како изгледал состанокот

Само 10 дена откако официјално објавија дека ја раскинале свршувачката и врската, поранешната двојка Алекс Родригез и Џенифер Лопез беа видени на заедничка вечера во хотелот Бел-Ер во Лос Анџелес. Тоа е нов момент во свежото раскинување на славната двојка што се случи само десет дена откако тие потврдија дека раскинуваат. ‘Сфативме дека сме подобри пријатели и со нетрпение очекуваме да останеме на тој начин. Ние ќе продолжиме да соработуваме и да се поддржуваме еден со друг во нашите заеднички работи и проекти“, беше напишано во заедничкото соопштение на 51-годишната латино дива и шест години помладиот спортист објавено во емисијата US Today.

Очевидци изјавија дека парот бил виден во луксузен хотел во петокот вечерта. Интересно, ова е истиот ресторан во кој отишле на нивниот прв состанок во 2017 година, а покрај него се наоѓа прекрасна палата вредна 28 милиони долари во сопственост на Џенифер Лопез. Латино дивата заврши со снимањето на својот нов филм ‘Shotgun Wedding’ во Доминиканската Република.

Оваа недела протекоа непотврдени информации дека Лопез повторно се гледа со поранешниот сопруг Марк Ентони по раскинувањето со Родригез. Да се потсетиме, таа и Ентони стапија во брак и станаа родители на близнаците Макс и Ема.

jennifer lopez marc anthony

Што се однесува до неа и нејзината врска со А-Род, се чини дека поп-sвездата и поранешниот играч на Јенки останаа во добри односи. „Се чини дека таму сè уште постои љубов и почит“, рече неименуван извор. Во секој случај, А-Род леташе назад во Мајами по вечерата за да го прослави 13-от роденден на неговата ќерка Ел. Тој објави слика на приватен авион со натпис „доме, сладок доме“ како и слики од него и Ел. Покрај Ел, А-Род од бракот со поранешната сопруга Синтија Скуртис има и 16-годишна ќерка Наташа.

Од друга страна, Лопез во саботата на Инстаграм објави видео од црвениот тепих од доделувањето на МТВ наградите во 2014 година. „Енергија за викенд“, напиша таа под објавата.

escort - Korsan taksi