Шварценегер за улогата во Терминатор заработи по 21 000 долари за секој изговорен збор, а сега „тежи“ повеќе од 400 милиони долари

10 мај, 2021
arnold-schwarzenegger-profimedia-830x0

За неговиот прв филм „Херкулес во Њујорк“, кој го сними во 1970 година доби 12 000 долари.

Кога Арнолд Шварценегер (73) дојде во Америка во 1968 година, тој имал заштеда од околу 27 000 долари од натпреварувања во боди-билдинг.

За неговиот прв филм „Херкулес во Њујорк“, кој го сними во 1970 година доби 12 000 долари.

– Јасно ви е дека мора да се борите и дека нема да биде лесно, во спротивно не би ја напуштиле својата земја – рече тој во една прилика.

За „Конан Варваринот“ од 1982 година заработи 280 000 долари.

Сепак, тој ја намали цената на првиот „Терминатор“ од 1984 година. За улогата доби само 75 000 долари, со оглед на тоа што станува збор за нискобуџетен филм кој е снимен за 6,4 милиони долари.

Во филмот „Терминатор 2: Судниот ден“, тој надокнади сè. Изговори само 700 зборови и за секој доби вртоглави 21 429 долари. Со таа улога заработи 15 милиони долари.

Филмот „Близнаци“ му донесе највисок хонорар. Тој доби 40 милиони долари за улогата на братот близнак на Дени Де Вито (76).

Денес, Шварценегер е „тежок“ над 400 милиони долари, а за тоа придонесе и неговиот бизнис со недвижнини.