Синот на Џони Деп наполни 19 години: Џек е ист како татко му и ретко се појавува во јавноста

24 април, 2021
pjimage-2_jptJpIY

За разлика од неговата мајка Ванеса Паради, таткото Џони Деп и сестрата Лили-Роуз Деп, Џек избра да живее тивок живот далеку од камерите

Познатиот холивудски актер Џони Деп (57) и француската пејачка и актерка Ванеса Паради (48) имаат две заеднички деца – Џек (19) и Лили-Роуз (21), а нивната романса траеше 14 години.

Лили-Роуз е добро позната во јавноста по својата работа во моделингот и глумата. 21-годишната девојка зад себе има голем број успешни реклами, кампањи и насловни страници на модните списанија.

Instagram

За разлика од неговата сестра и остатокот од семејството, Џек Деп избра да живее во анонимност и многу ретко се појавува во јавноста. Џони еднаш даде краток увид во талентите на Џек и истакна дека тој не е заинтересиран да ги следи неговите стапки и да ја се проба во глумата.

– Мојот син Џек отсекогаш бил талентиран за цртање. Тој исто така добро свири и јас сум многу горд на него, иако тој не сака да биде актер како неговиот старец – изјави Деп.

24sata

Џек, чие целосно име е Џон Кристофер Деп III, наполни 19 години на 9 април. Иако е повлечен, тој има бројни фанови и фан страници на социјалните мрежи. Сите се согласуваат дека тој многу личи на неговиот татко.

The 80th Academy Awards - Arrivals - Los Angeles
escort - Korsan taksi