Славните sвезди дефинитивно претеруваат со сончањето: Овие фотографии ќе ве потсетат да не претерувате

13 мај, 2021
img0238-830x0

Ким Кардашијан е една од славните дами која многу пати се соочила со изгореници од сонцето, а сè сподели со своите следбеници

Познатите дами и мажи на Инстаграм обично објавуваат фотографии на кои изгледаат беспрекорно и совршено добро, но понекогаш објавуваат и некои фотографии од кои подоцна се срамат.

Имено, одличен пример за такви фотографии се оние што ги покажуваат изгорениците што ги добиле по прекумерното сончање и кои се совршено предупредување за важноста на употребата на заштитен фактор.

Ким Кардашијан е само една од славните дами кои повеќепати се соочиле со овој проблем, а го искористи и за рекламирање на пудрите за тело, кои ги искористи за совршено да ги покрие црвенилата на видео на нејзиниот Инстаграм.

Се сеќаваме и на нејзината легендарна фотографија од времето кога сè уште не започна со својата деловна активност и кога имаше трага од очила за сонце на лицето по сончање.

Незаборавно е и видеото за една од најубавите жени на светот, манекенката Бела Хадид, која во февруари годинава покажа како изгледа откако заспала на сонцето.

Актерката Сара Мишел Гелар, манекенките Емили Ратајковски и Хелена Кристенсен, пејачката Никол Шецингер и инфлуенсерката Кјара Ферањи исто така „се пофалија“ со изгорениците и трагите од бикини на социјалната мрежа.

Во 2019 година, фудбалерот Лионел Меси ги загрижи своите обожаватели со изгледот на фотографијата од семеен одмор, на кое торзото му е целосно црвено, а слични реакции предизвика и пејачот Сем Смит кога пред неколку години се пофали со тоа колку ослабел, што од опекотините на сонцето падна во втор план.  

escort - Korsan taksi