СРЕДБА КОЈА НИКОЈ НЕ БИ ЈА ПОСАКАЛ: Мајк Тајсон ја фатил сопругата во кревет со овој холивудски заводник! (ФОТО)

2 април, 2021
62618_majk-tajson_ls

Замислете дека сакате да ја посетите вашата сопруга и да најдете еден од најпознатите актери на денешницата во вашиот кревет!

Поранешниот боксер Мајк Тајсон откри интересни детали од интригирачки настан од неговото минато додека гостуваше во една емисија!

Тајсон откри дека го фатил актерот Бред Пит во спалната соба на неговата сопруга.

Сè се случило во време кога славниот боксер започнувал постапка за развод со неговата тогашна сопруга Робин Гивенс и се подготвувал да отиде кај адвокатот за да поднесе барање за развод.

Majk Tajson

Сепак, тој одлучил да ја посети својата сопруга за последен пат.

Сепак, она што го нашол во нивниот дом го оставило без зборови.

Тој ги затекнал Робин и Бред пред сексуалниот чин, но јасно било што ќе се случело ако не се појавел пред вратата…

Majk Tajson

“Кога ме виде – целосно пребледе. Беше јасно дека е на некоја дрога и почна да ме моли да не го удирам”, изјави поранешниот шампион на рингот.

Majk Tajson

Веруваме дека на Бред воопшто не му било сеедно кога го видел Тајсон на вратата од спалната соба. Тој веројатно тогаш проценил дека оваа романса не е најпаметната идеја…

Bred Pit