Таткото на Дуа Липа го нарекуваат „Албанскиот Џорџ Клуни“- кога ќе видите како изгледа се ќе ви стане јасно (ФОТО)

10 април, 2021
screenshot3

Згодниот татко на Дуа Липа денес го следат повеќе од 240.000 фанови на Инстаграм, а тој често објавува фотографии од пејачката на својот профил.

Една од најпопуларните пејачки на денешницата, Дуа Липа, не е единствената ѕвезда во семејството. Имено, откако започна да објавува слики и клипови на социјалните мрежи, нејзиниот татко стана тивка желба на жените ширум светот.

Дукаџин Липа бил член на популарна рок-група, а многумина го нарекуваат „албанскиот Џорџ Клуни“.

 Дукаџин Липа е рок музичар кој музички ја усмерувал својата ќерка уште од најрана возраст. Како што еднаш објасни пејачката: „Никогаш не би ја сакала музиката да не беше татко ми“. 

Дуа е по потекло од Косово, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Велика Британија, каде ја започна својата соло кариера.

Таа се проби на музичкиот пазар со песната „Be the one“, проследена со хитовите”Hotter then hell”, “New Rules”, “No Lie”, “Blow Your Mind”, “Scared To Be Lonley”, и многу други Дуа е многу блиска со својот татко и не крие колку има доверба во него.

“Татко ми е секогаш на моја страна. Иако сега имам одличен менаџмент околу мене во Лондон, тој е секогаш околу мене и секогаш ми помага. Мајка ми е исто така вклучена во сè што правам. Јас навистина уживам кога го имам моето семејство околу мене, особено кога патувам многу и кога настапите се чести “, рече Дуа еднаш.

Неодамна, Дукаџин Липа започна се повеќе да го привлекува вниманието на медиумите и јавноста, не толку заради големиот успех на неговата ќерка, туку заради неговиот атрактивен изглед.

escort - Korsan taksi