Тој ја обвини мајката на Кардашиан за сексуално насилство: “Таа ме допираше. Таа не запре иако ја молев…”

31 јануари, 2021
kris-dzener-foto-printskrinjutjub-1479070183-1034549


Мек Вилијамс во тужбата тврди дека Крис го навела на секс, додека во 2017 година работел како телохранител за неа и ќерката Кортни (41) за семејното шоу „Keeping Up With The Kardashians“

Поранешниот чувар на семејството Кардашиан-Џенер, Марк Мек Вилијамс, ја обвини Крис Џенер (64) за сексуално вознемирување пред неколку месеци.

Мек Вилијамс во тужбата тврди дека Крис го навела на сексуален однос додека во 2017 година како телохранител за неа и ќерката Кортни (41) работел за семејното шоу „Keeping Up With The Kardashians“. Покрај сексуалното вознемирување, Џенер се соочува и со обвинувања за непријателска атмосфера на работа, расна и родова дискриминација. Но, сега тој одлучи да покрене две нови тужби против Крис.

Крис Џенер категорично ги отфрла сите обвинувања против неа, кои се целосно неосновани – изјави нејзиниот адвокат Мајкл Родос.

Мама Крис, наводно, го пипкала насекаде Мек Вилијамс, и таа не престанала да го прави тоа дури и кога телохранителот ја молел да застане. Според судските записи, Марк се пожалил на својот шеф кој потоа го тргнал од позицијата и го префрлил во куќата на најстарата сестра Кортни. Но, сексуалното вознемирување, според неговата изјава, продолжило и во нејзината куќа.

Адвокатот жестоко ги негираше обвинувањата во изјава за ТМЗ. Тој ја опиша тужбата како „смешна и несериозна“ и објасни дека станува збор за поранешен вработен кој бил отпуштен затоа што спиел во работно време и сега се обидува да ги достигне своите пет минути слава.

Кога Крис и Кортни ќе го добијат ова дело на суд, тие планираат да го тужат Марк за клевета – додаде адвокатот на семејството Кардашиан – Џенер.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum