Тој отсекогаш им беше згоден на жените, но сега повеќе лудуваат по него затоа што е и грижлив татко

25 април, 2021
Ryan-Reynolds-Blake-Lively

Секако, бројни папараци го следеа секој нивен потег, а кога фотографиите протекоа во јавноста, од минута во минута се нижеа позитивни коментари.

Има нешто уникатно во односот татко-ќерка! И додека мајките ги разгалуваат синовите, татковците, според некои истражувања, обично се послаби на наследничките. И нема послатка сцена од тато кој игра и се дружи со неговата принцеза. Еден од најпознатите холивудски актери, 44-годишниот Рајан Рејнолдс беше фатен додека шета по улиците на Њујорк, а оваа сцена разнежни голем број обожаватели.

Рајан реши да го искористи убавото време за да се дружи со својата четиригодишна ќерка Инез, а за да не се умори девојчето, актерот ја носеше на рамена. Секако, бројни папараци го следеа секој нивен чекор, а кога фотографиите протекоа во јавноста, од минута во минута се нижеа позитивни коментари.

ryan reynolds i blake lively

‘Колку слатко. Отсекогаш ми бил убав, но кога ќе видам колку е внимателен татко е, ми станува уште позгоден. Подобро е детето да поминува време со родителите отколку со дадилките. Честитки’, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Да се потсетиме, sвездата на „Дедпул“ и 11 години помладата сопруга, актерката Блејк Лајвли, во деветгодишниот брак добија три девојчиња – шест годишната Џејмс, четири годишната Инез и едно годишната Бети.