Убавицата од „Game of Thrones“ уловена на улица во опуштено издание, целосно непрепознатлива

17 март, 2021
7e57abf8310be0d75f40

Сепак, кога фотографиите ги виделе некои обожаватели, забележале дека актерката изгледа навистина лошо, и дека многу ослабнала.

Актерката Емилија Кларк, позната на публиката по ликот на Денерис Таргариен во серијата „Game of Thrones’’ беше фатена на улица од фотографите во опуштено издание. Сепак, кога фотографиите ги виделе некои обожаватели, забележале дека актерката изгледа навистина лошо, и дека многу ослабнала.

Кларк често објавува фотографии на Инстаграм кои не изгледаат премногу уредени во фотошоп, а на некои дури и не носи шминка, но сепак, нејзиниот изгледот го загрижи обожавателите.

Имено, таа неодамна првпат по осум години отворено зборуваше за тешките здравствени проблеми, кои на крајот успешно ги надминала.

Кога имала 24 години, лекарите откриле аневризма во нејзиниот мозок, а во разговор со новинарката Трејси Смит открила како имала уште една аневризма за време на снимањето на „Game of Thrones “ и како тоа многу влијаело на нејзиниот оптимизам и не крие колку тој период бил тежок за неа – Преживував од ден за ден. Тоа беше многу лош период за мене – изјави 32-годишната актерка. Кај втората аневризма, мозокот и останал без крв нешто помалку од една минута и после тоа Емилија била во паника и страв за нејзиниот живот. Стравувала како тоа ќе влијае на нејзината работа и се плашела дека ќе ја изгуби својата актерска способност.

 – На сетот играв опасен лик кој шета низ оган и тогаш само сакав да работам што е можно повеќе. Работата ме спаси од размислување за смртта – вели таа. Првата аневризма ја имала по снимањето на првата сезона од серијата и тоа се случило додека била на тренинг. Додека лежела во болницата и била приклучена на разни апарати што ја одржувале во живот, Емилија вели дека сакала само едно – да дојде некој од медицинскиот персонал и да ги исклучи апаратите.

escort - Korsan taksi