УДАР ПО УГЛЕДОТ НА „BBC“ Истрагата е затворена, тие ги прекршиле стандардите со познатото интервју на Дијана

20 мај, 2021
Ledi-Di

BBC ги прекрши новинарските стандарди кога нивниот новинар Мартин Башир измамливо дојде до интервју со принцезата Дијана во 1995 година во кое таа за прв пат откри колку е несреќна во бракот, се вели во извештајот објавен во четвртокот.

Заклучокот од истрагата е дека Башир покажал лажни банкарски трансакции за да го убеди Чарлс Спенсер, братот на принцезата Дијана, да го запознае со неговата сестра.

„Иако BBC не може да го врати времето по четвртина век, денес можеме да се извиниме целосно и безусловно“, рече лидерот на BBC, Тим Дејви.

“Без оглед на извештајот што покажува дека принцезата од Велс, Дијана сакала да даде интервју, јасно е дека процесот за обезбедување на интервјуто бил далеку од она на што јавноста има право. „Се извинуваме за тоа”, додаде тој .

Интервјуто на Башир со принцезата Дајана обезбеди голем рејтинг на BBC во тоа време, со гледаност од повеќе од 20 милиони гледачи во Велика Британија.

Принцезата во интервјуто ја изговори познатата реченица: „Бевме тројца во овој брак“, мислејќи на неговата денешна сопруга Камила Паркер Боулс.

Потоа, за прв пат, членката на кралското семејство отворено зборуваше за нејзиниот приватен живот, за нејзиниот несреќен брак со принцот Чарлс, неговата измама и булимијата.

BBC отвори истрага во ноември минатата година, откако Чарлс Спенсер рече дека бил заведен од фалсификувани документи и „други измами“ за да ги запознае Башир и Дијана.

Спенсер објасни дека Башир го убедил да ја убеди Дијана на интервју затоа што тој му рекол дека Дијана ја прислушкувале тајните служби и дека на двајца високи советници им биле платени информации за неа.

Башир се извини, но рече дека не верува дека лажните документи ја убедиле Дијана да му даде интервју.

escort - Korsan taksi