ВАКА ИЗГЛЕДА ЌЕРКАТА НА ТРАГИЧНО ЗАГИНАТИОТ ПОЛ Вокер: Таа им откри големи вести на фановите; „Татко и би бил горд“

14 јануари, 2021
meadow-walker-paul-walker

Ќерката на трагично починатиот актер Пол Вокер, Медоу Вокер (22), ги сподели среќните вести со своите следбеници на Инстаграм. Имено, таа стана новото заштитно лице на рекламна кампања.

Во 2017 година, таа потпиша договор со агенцијата ДНК Моделс и на тој начин ја започна својата манекенска кариера. „Јас сум неверојатно благодарна на сите што ме поддржуваа и веруваа во мене“, напиша таа на Инстаграм, а во коментарите и честитаа многу познати колеги, вклучувајќи ја и актерката Натали Емануел, која глумеше со нејзиниот татко во неговиот последен филм „Брзи и бесни 7“ , пишува Page Six. „Татко ти би бил горд“, напиша еден следбеник.

Медоу имала 15 години кога го изгубила татка си, а до пред четири години многу ретко се рекламирала на социјалните мрежи. Кога наполни 18 години, ја започна својата манекенска кариера, а сега ќе ја направи својата прва голема рекламна кампања. Таа честопати му оддава почит на својот татко, кој загина во сообраќајна несреќа, на социјалните мрежи. Кон крајот на ноември, таа му посвети трогателно соопштение на седмата годишнина од неговата смрт.

escort - Korsan taksi