Ванеса Брајант го нападна раперот: Тој ја искористи несреќата на Коби за неговата песна!

24 февруари, 2021
pjimage-9

Раперот првично се бранеше тврдејќи дека сите погрешно ја разбрале неговата намера и дека нема ништо проблематично во текстот на песната, но на крајот и се извини на сопругата на Коби.

Контроверзниот рапер Мик Мил (33) во својата најнова песна реши да ја вклучи трагично починатата легенда на НБА, Коби Брајант, во еден од стиховите, но тоа го стори на начин што предизвика гнев кај голем дел од неговите обожаватели.

Во синглот наречен „Don’t worry (RIP Kobe)“ на прилично бизарен начин, тој тврди дека сака да му оддаде почит на еден од најдобрите кошаркари на сите времиња,но со стихот ‘If I ever lack, I’m goin’ out with my chopper/It be another Kobe’ и осврнувајќи се на несреќата што однесе девет животи не наиде на одобрување.

-Почитуван Мик Мил, покажавте крајно непочитување и нетактичност. Не сум запозната со твојата музика, но верувам дека можеш подобро од ова. Ако сте љубител на Коби, добро, но има многу подобри начини да ги покажете своите чувства кон мојот покоен сопруг – му напиша Ванеса Брајант во јавноста.

Раперот првично се бранеше, тврдејќи дека сите погрешно ја разбрале неговата намера и дека нема ништо проблематично во текстот на песната, но на крајот рече дека и се извинил на Ванеса.

escort - Korsan taksi