Винска соба, гаража што се претвора во диско, кино … Ѕирнете во домот на Мадона вреден 19,9 милиони долари

5 мај, 2021
Screenshot 2021-05-04 235028

Дури 19,9 милиони долари е вреден имотот лоциран во Лос Анџелес, кој поп-кралицата Мадона неодамна го купи од музичарот Д Викенд

Покрај модерно украсената главна и гостинска куќа, имотот е украсен со простран надворешен простор во кој, покрај надворешниот базен и кујната, има и кошаркарско игралиште.

Доза ексклузивност на овој имот му даваат и просториите како што се винската соба, канцеларијата, теретаната и салата за медиуми, а има и гаража што може да се претвори во диско, доколку е потребно.

Сакаме да ѕирнеме во домовите на познатите личности, а овој пат патувањето не однесе во Лос Анџелес, каде поп кралицата Мадона реши да купи нов семеен дом. После неколку години живеење на релација меѓу Њујорк, Хемптонс и Лисабон, таа одлучи да се пресели на имот што се наоѓа во престижната област Хидн Хилс.

Nova Madonnina vila | Autor: Profimedia
Madonnina nova vila | Autor: Profimedia

Нејзиното внимание го привлече имотот, кој досега беше во сопственост на музичарот Д Викенд и за кој издвои 19,1 милиони долари. Музичарот првично имал намера да го продаде имотот за 25 милиони долари, но пандемијата значително влијаеше на пазарот на недвижнини, па пејачката искористи голема можност.

Nova Madonnina vila | Autor: Profimedia
Nova Madonnina vila | Autor: Profimedia

Имотот се карактеризира со 1200 метри квадратни простор за живеење, а покрај главната куќа со седум соби има и простор за гости со две дополнителни спални соби. Ќе има доволно простор за пејачката која се преселува со своите четири од шесте деца и е придружена од асистенти, дадилки и персонал за безбедност.

Nova Madonnina vila | Autor: Profimedia
Nova Madonnina vila | Autor: Profimedia

Главната куќа е украсена со модерна декорација, а покрај пространото лоби и богато опремената кујна, има и официјална дневна соба и трпезарија која вклучуваат винска соба. Од кујната можете да стигнете до крилото на куќата каде што се наоѓа персоналот, а на главниот кат од куќата има и апартман за гости, теретана, сала за медиуми и канцеларија со камин од црн мермер. Главната спална соба го зафаќа скоро целото крило на вториот кат, а на неа се додадени две гардероби и луксузна бања.

Nova Madonnina vila | Autor: Profimedia
Nova Madonnina vila | Autor: Profimedia

Импозантната внатрешност е придружена со подеднакво привлечен екстериер. Така, во дворот покрај базенот има надворешна кујна со камин и простор за релаксација. Имотот вклучува и кошаркарско игралиште ограничено со тревник и коњска штала, која е претворена во дополнителен простор за живеење. Особено фасцинантен е фактот дека имотот има гаража за пет автомобили што може да послужи и како дискотека со сопствено LED осветлување во виолетова боја. Одлично, нели?

escort - Korsan taksi