Во екот на озборувањата дека го љуби Канје Вест, Ирина Шајк фотографирана со нејзиниот поранешен: Фановите запрепастени од неговиот изглед

5 јуни, 2021
profimedia-0415738649-830x0

Бредли Купер во вторникот попладне, уживаше додека разговараше со поранешната партнерка Ирина Шајк, со која има дете

Американскиот актер Бредли Купер (45) и руската манекенка Ирина Шајк (35) се фотографирани неколку пати во последните неколку месеци за време на заеднички прошетки со нивната ќерка Леа Де Сен на улиците во Њујорк, а тоа ги разгоре гласините за нивното помирување .

Имено, Бредли и Ирина беа фотографирани додека поминувале време заедно со нивната ќерка и дадилката, но сите ги збунува тоа што со денови се зборуваше за убавата манекенка која наводно го љуби раперот Канје Вест.

Се чинеше дека Бредли уживаше во разговорот со неговата поранешна партнерка во вторникот попладне. Ѕвездата на филмот „Sвездата е родена“ и упати на манекенката поглед полн со љубов, додека слатко и се насмевна на детското игралиште.

По тој повод, Ирина прошета во беж кожен фустан, беж „летни“ чизми и торба во иста боја. Бредли носеше фармерки, сива маица и црна заштитна маска, а може да се забележи дека актерот „накачил“ и неколку вишок килограми, бидејќи му се познаваше поголемиот стомак.

Леа носеше розов фустан со карнери, бели чорапи и сандали, а обожавателите велат дека таа веќе изгледа како вистинска принцеза.

Да се потсетиме, Ирина и Бредли ја започнаа својата врска во 2016 година, а заврши по четири години, поточно во јуни 2019 година. Како што тогаш шпекулираа странските медиуми, главната причина за раскинувањето на убавата манекенка и актерот била пејачката Лејди Гага и неверството на Бредли.

Сепак, Ирина минатата година ја отвори душата за британското издание на списанието „Вог“ и призна дека е многу среќна поради моментите кои ги доживеала со Бредли.

– Двајца добри луѓе не мора да прават добар пар. Јас сум многу среќна затоа што го доживеав она што го имавме. Животот без него е нешто сосема ново за мене. Тешко е да се најде рамнотежа помеѓу тоа да се биде самохрана мајка и да се биде деловна жена што заработува пари за своето семејство. Има денови кога се будам и мислам: „Се распаѓам“, рече таа тогаш.