Совршен микс на познати родители: Ќерката на Џулија Робертс за прв пат на црвениот тепих!

17 јули, 2021
324988_profimedia0620891441_ff (1)

Иако Шон и Дилан Пен привлекоа најголемо внимание на премиерата на филмот Ден на знамето, друга ќерка на познати родители имаше нејзин ден на слава на црвениот тепих во Кан.

Хејзел Модер, ќерка на Џулија Робертс и Даниел Модер, се појави на филмскиот фестивал во Кан со нејзиниот татко. Таа му правеше друштво на тато, кој работеше на овој филм како директор на фотографија.

Ова е прво појавување на Хејзел на црвениот тепих, а таа одбра минимална комбинација: фустан од кошула од тантела, скоро и да нема шминка и ноншалантна фризура. Со оглед на тоа дека Хејзел има 16 години, многумина ја пофалија дека не се обиде да изгледа поголема отколку што е.

Најгласни се коментарите дека таа има однесување на Џулија, но дека изгледа како тато. Сè на сè, вистинска мешавина!

<p>Upoznajte Hejzel, ćerku Džulije i Danijela Modera</p>
<p>Upoznajte Hejzel, ćerku Džulije i Danijela Modera</p>
<p>Upoznajte Hejzel, ćerku Džulije i Danijela Modera</p>