Специјалот „Пријатели“ пристигнува на крајот на мај, а обожавателите веќе се лути. Погодете зошто?

17 мај, 2021
friends-prijatelji-serija-1-830x0

“Сè уште немаат пријатели со темна кожа? Страшно”.

Веста дека специјалната епизода на „Пријатели“ конечно ќе биде емитувана на 27 мај, израдува многумина, но многу брзо кај дел од публиката ентузијазмот се претвори во гнев, бидејќи меѓу специјалните гости нема актери или актерки со темна кожа.

Серијата „Пријатели“ беше глобален хит во текот на 90-тите години на минатиот век, а финалето беше емитувано во 2004 година по 10 години на телевизија. Фановите конечно ќе ја поздрават долгоочекуваната средба на оригиналната постава во посебна епизода на 27 мај оваа година.

Сепак, оваа серија, која сè уште е меѓу најгледаните на Нетфликс и сега ја воведува третата генерација публика, во последно време се гледа од перспектива на современите трендови и, пред сè, од политиката. Затоа, еден дел од гледачите е многу незадоволен од фактот дека сите главни членови на составот (Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиса Кудроу, Дејвид Швимер, Мет Лебланк и Метју Пери) се бели, а сега и затоа што нема да има гости со темна кожа во шоуто.

Инаку, HBO Max објави ѕвездени гости – Лејди Гага, Џастин Бибер, корејскиот бенд БТС и активистката Малала Јусафзаи, па дури и Дејвид Бекам. Но, не и Афроамериканци.

Friends Complete Series Online | Seasons 1-10 | TVNZ OnDemand

– Дури и со 25 гостински ѕвезди, продуцентите успеаја да направат епизода без луѓе со темна кожа. Каков е тој Њујорк? – беше напишано во една објава на Твитер.

– Тие сè уште немаат пријатели со темна кожа? Страшно – се наведува во друг.

Продуцентите на специјалната епизода не ги коментираа ваквите објави.

Да се потсетиме, за време на создавањето на „Пријатели“, тие воведоа одредена разновидност во шоуто. Рос имаше две не-бели девојки, а неговата поранешна сопруга Керол беше лезбејка која го одгледуваше синот со сопругата.

Сепак, коментарите што беа смешни во 90-тите години на минатиот век, сега се сметаат за навредливи и ги ставаат во втор план најдобрите карактеристики на „Пријатели“ – здравиот хумор и носталгичното сеќавање на последниот момент во модерната ера кога луѓето навистина се дружеле и минувале време едни со други, наместо себично и заводливо да поминуваат време со технологијата и самите со себе дури и во друштво.