Спијат во посебни спални соби, а таа очигледно „фрлила око“ на некој друг – Дали Џулија Робертс навистина се разведува?!

2 февруари, 2021
profimedia-0486057012

Долгогодишниот брак на миленичката наАмерика, 53-годишната Џулија Робертс и 52-годишниот снимател, Даниел Модера, во последните неколку години честопати беше една од главните теми и во странските и во домашните медиуми, но иако се зборуваше за развод во неколку наврати, тие се сèуште заедно.

Што точно се случило помеѓу Џулија и Даниел и како Леонардо ди Каприо се најде во средина, ви пренесуваме подолу.

Минатата година, Робертс и Модера беа фотографирани за време на интервјуто со актерот, награден со Оскар, на десетогодишната прослава на CORE во Лос Анџелес. Според медиумите, невината интеракција меѓу двајцата актери предизвикала непријатност кај сопругот на актерката, затоа што тој сметал дека го игнорираат. Целата ситуација наскоро ескалирала со жестока дискусија меѓу сопружниците.

„Џулија изгледашевоодушевено додека го слушаше Ди Каприо. Беше прилично непријатно да се гледа како Дени често е изоставен во нивните пријатни разговори. Таа цело време му се смешкаше на Лео, додека Дени изгледаше како трето тркало на ноќната забава на Џулија и Лео“, изјави неименуван извор а, потоа ги откри деталите за дискусијата што се водела меѓу сопружниците:

„На почетокот Дени се обиде нежно да ја покрене темата, но, како што Џулија тоа често го прави, ја игнорираше неговата загриженост. За Дени, тоа беше „капката што ја прелеа чашата“. Се обложувам дека таа ноќ спиеле во посебни спални соби“, заклучил изворот.

escort - Korsan taksi