„Срцето ѝ го скрши“ Кралицата ѝ забрани на Кејт да има уште едно дете?

14 февруари, 2021
kraljica

Седумгодишниот Џорџ, петгодишната Шарлот и двегодишниот Луис сепак нема да добијат засилување – нивната мајка е скршена

„Кејт е повторно бремена“, „Вилијам и Кејт наскоро ќе го прошират семејството“, „Кралското бебе е на пат, Кембриџ се пресреќни“, ова се само некои од многуте наслови што кружат во домашните и странските медиуми некое време. Гласините за четвртото дете во семејството на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам секој ден стануваат сè погласни, а според извештаите на некои медиуми, седумгодишниот Џорџ, петгодишната Шарлот и двегодишниот Луис не можат да дочекаат засилувањето да пристигне во нивното семејство. Но, судејќи според најновите пишувања на National Enquirer, се чини дека оваа желба нема да се оствари. Имено, споменатиот таблоид тврди дека четвртото дете во семејството на овој кралскиот пар не е можно затоа што – кралицата не го дозволува тоа!

Британската владетелка со најдолг стаж, 94-годишната Елизабета II наводно ѝ забранила на сопругата на нејзиниот внук Вилијам повторно да остане бремена. Како што изјави неименуван извор за медиумите, 38-годишничката отсекогаш сакала да има шест деца, а со оглед дека во моментов застана на три, Кејт планира уште една бременост во наредниот период. Сепак, кралицата не се согласи со истото и, од прилично сурова причина, реши да го скрши срцето на војвотката од Кембриџ.

Себична или не, но Елизабета II во моментот размислува само за иднината на монархијата, па според изворот, не ја сака новата бременост на Кејт бидејќи има други планови за војвотката. „Во случај Кејт повторно да остане бремена, на сите им е јасно дека одреден временски период, за време на породилното отсуство, таа ќе отсуствува од работа и нема да може да ги извршува своите претходни кралски должности. Со оглед на тоа што Меган и Хари си заминаа минатата година, многу нови работни места паднаа на Вилијам и Кејт, кралицата не може да си дозволи да не ја има Кејт меѓу оние кои моментално работат најмногу за кралското семејство, изјави неименуван извор за таблоидот.

Тој исто така додаде дека 94-годишната старица е свесна колку е Кејт популарна во јавноста и дека не сака да го наруши угледот на семејството со нејзиното отсуство во медиумите, кое постојано го следат разни скандали на други членови. На крајот, National Enquirer наведува дека одлуката на кралицата целосно ѝ го скршила срцето на сопругата на принцот Вилијам, која и покрај мирниот впечаток кој го дава во јавноста, никогаш не може да ѝ прости на кралицата што ја спречила во проширување на семејството со друг член