Сталоне подготвува серија за Роки: Силвестер откри детали од сценариото!

3 април, 2021
roki-830x0

„Идеално би било 10 епизоди за неколку сезони“, напиша Сталоне

Силвестер Сталоне ја воодушеви својата армија фанови со новиот проект. Имено, славниот актер на својот Instagram профил објави дека подготвува серија за Роки Балбоа, кого своевремено го играше во неговите филмски класици.

Сталоне објави како изгледа дел од сценариото, а потоа ја сподели добрата вест.

– Ова е можеби најчудната најава досега. Утрово започнав да го пишувам сценариото за претходникот (дејството што се случува пред првиот филм „Роки“) Роки за стриминг – напиша актерот и додаде:

– Идеално, би биле 10 епизоди за неколку сезони навистина да допрат до срцата на помладата популација. Еве мал дел од тоа како го започнувам мојот креативен процес на пишување … Се надевам дека ќе се случи – А тогаш морав да ја расчистам главата, па отидов на риболов … Разговарајте за крајностите! Продолжете да удирате, мои пријатели – напиша Сталоне

Засега сѐ уште не е познато како ќе се вика серијата за Роки, ниту каде ќе се емитува.

Погледнете ја и објавата на Силвестер Сталоне.

escort - Korsan taksi