Судската битка заврши! Познатата пејачка треба да ѝ плати 450.000 долари на колешката која ја „ограби“

9 јануари, 2021
Screenshot_7

Пејачките се договорија и Минаж ќе ѝ плати на Чепмен 450.000 американски долари отштета, со што ќе се стави крај на двегодишниот спор за да се избегне уште поскапо судење.

Пејачките Ники Минаж и Трејси Чепмен завршија со горчливиот судски спор кој трае од 2018 година, бидејќи раперката Минаж во својата песна „Sorry“, искористи дел од песната „Baby Can I Hold You“ од кантавторката Чепмен.

Пејачките се договорија и Минаж ќе ѝ плати на Чепмен 450.000 американски долари отштета, со што ќе се стави крај на двегодишниот спор за да се избегне уште поскапо судење, пренесува Daily News.

Трејси ја сними песната во 1988 година, а во песната на раперката препозна делови од нејзиниот текст и мелодија. Пејачката и текстописец потоа поднесе тужба за повреда на авторските права за песната „Sorry“ од 2018 година до Федералниот суд во Лос Анџелес.

Песната „Sorry“ скоро се најде во албумот на Минаж „Queen“. Минаж и нејзините менаџери поднесоа повеќе барања за лиценцирање на песната „Sorry“ за летото 2018 година, иако Минаж веќе ја сними својата верзија „без бараната лиценца“, се вели во обвинението. Чепмен ги одби овие барања, но Минаж препрати копија од песната „Sorry“ до популарниот диџеј, кој подоцна сподели линк до песната на Twitter.