Сузана Гавазова е секс бомба низ скопските улици: Во ваков стајлинг тешко кој не сврти поглед по неа (фото)

27 мај, 2021
gavazova

 

Фолк пејачката Сузана Гавазова е една од оние дами кои постојано мора да бидат скоцкани од глава до петици.

Па така, независно дали е дома, на сцена или во прошетка, Сузе за свој ќеф сака да биде атрактивна и провокативна.

Овој пат, еден таков ултра секси стајлинг избра да носи да прошетка низ скопските улици.

Имено, таа облекла тесни црни панталони како хеленки, бела маичка и еден детаљ од врвки налик на градник кој однадвор ја оцртуваше нејзината бујна предница.

Секако, дека вака стегната ги собра погледите на минувачите, а не заобиколи ниту да направи неколку фотографии како позира.

Истото продолжи и кога седна во еден познат скопски ресторан, од каде ги поздрави фановите и почести со неколку секси фотографии.

Преземено од vistina.com.mk