Сузана Гавазова како бразилски топ модел во џунгла: Пејачката со „мачји од“ како на модна писта, раскошна, расна, разголена, неодлива… (ВИДЕО)

22 јуни, 2021
gavaz

Сузана Гавазова е една од оние дами кои не само што секогаш се скоцкани од глава до петици, туку кога и каде да ја видите, на ТВ, на сцена или на улица – „ви паѓа вилица“! А како и не би кога расната струмичанка на себе своето тело, изглед и стајлинг веројатно им посветува исто толку време и внимание, колку и на музиката и своите песни.

Сузето добро знае дека гласот и вокалните можности се едно, ама музиката оддамна се гледа и со очи, па изгледот и имиџот се подеднакво важни за успех и напредок во кариерите на естрадните ѕвезди. Затоа сексапилната фолкерка нема проблеми да ги урива бариерите, неретко и „одејќи по жица“, кога треба да го распостеле сиот свој телесен раскош за да ја привлече публиката кон себе и својата песна, а таа задача нималку не е лесна.

Но, Гавазова очигледно знае како да ја најде формулата постојано да биде привлечна, примамлива, магнет, особено за машките очи. За тоа не само песната, туку обилно ги користи и социјалните мрежи.

А на нив, уште една нејзина обајава која ќе ве наежи, особено ако сте еден од оние, вистинските мажи… И тоа по цело тело! Зашто Сузето и овој пат мошне смело споделила видео кое е микс на телесна естетика, егзотика и еротика, во кое расната струмичка фолкерка наликува на бразилски топ модел во џунглата… Пејачката со „мачји од“ се шета како на модна писта, а Гавазова каква што ја знаеме – онаа иста: Раскошна, расна, разголена, неодлива… Секси „до болка“, пожелна „до коска“!

Амбиентот иако студиски, налик на џунгла… Веројатно парче „of the  record“  од снимањето на нејзиниот хит „Џунгла“ од почетокот на 2020 година, кога заради експанзијата на коронапандемијата песната и спотот можеби не го достигнаа посакуваниот зенит и ефект кај публиката.

Но, не очајувајте, не сте ниту последен, ни прв… Погледнете ја Гавазова, таа и овој пат е… врв!

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi