Сузана Турунџиева славеше роденден, а не ни насети дека ќе добие подарок од Флорида (фото)

11 март, 2021
turundzieva

Македонската пејачка, водителка и писателка Сузана Турунџиева не ги крие годините.

Имено, Сузана деновиве имаше убаво повод за славење – односно нејзиниот роденден и откри дека наполнила 52 години.

Сузе е активна на социјалните мрежи, па така беше и за својот родеден кога во кусите приказни на „Инстаграм“ објави фотографија од неа, нејзината мајка и ќерката Матеа, а Турунџиева во рацете држи торта на која има свеќа со бројот на нејзините години односно 52.

Меѓутоа, водителката доби уште едно изненадување кои и го приредија нејзините пријатели, па дуваше роденденски свеќи на паркинг.

„ Пандемијата ни ја ограничи слободата, прегратките, настапите, патувањата… Но не ја намали креативноста на моите пријатели! Како инаку ќе доживеев како е да дуваш свеќички на паркинг пред зграда, со хартиена круна на глава додека Кате и Тони ми пеат Happy birthday, a јас замислувам специјална желба? Бескрајно ви благодарам прекрасни луѓе… Отсекогаш сте ми биле инспирација и светла точка во ова сивило. Да ве немаше, ќе требаше да ве измислам“, напиша славеничката покрај фотографиите на кои дува свеќички.

Меѓутоа, Сузе не ни насетуваше дека за роденден ќе добие подарок од Флорида.

„Се очекував, ама дека од Флорида ќе ми пристигне роденденски подарок со мојата “Наставничка по музичко”, не очекував ни на крај памет! Да живеат креативните братучетки кои си ги сакам исто како родени сестри… Дании Биба. Ве сакам неизмерно и многу ми недостигате“, напиша Турунџиева покрај објавата.

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi