Светот полуде по првите фотографии на Џенифер Лопез и Бен Афлек на кои размеуваат нежности (ФОТО)

4 јуни, 2021
profimedia-0017431704-830x0

Двојката „Бенифер“ не се одделува ни на момент, а сега се фатени како разменуваат нежности…

Американската пејачка Џенифер Лопез (51) и актерот Бен Афлек (48) беа фотографирани вчера додека одеа на романтична вечера во Лос Анџелес, а по тој повод не можеа да ги тргнат рацете еден од друг.

Имено, актерот и латино дивата се повторно заедно 17 години по раскинувањето на веридбата и изгледаат повеќе заљаубени од кога било.

Откако ја раскина свршувачката со поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез (45), пејачката Џенифер Лопез не се оддели од Бен Афлек за кого за малку ќе се омажеше во 2004 година, но актерот потоа ја откажа венчавката 3 часа пред да се заколне на вечна љубов.

Иако првично „се обидоа“ да сокријат дека ја обновиле врската, овој пат се шетаа прегрнати, а во еден момент Џеј Ло слатко ја потпре главата на градите на Бен.

Цело време се гушкаа и се држеа за раце и се чини дека и двајцата навистина уживаат во обновената романса и дека никогаш не се преболеле целосно.

Фановите ширум Светот чекаат да го видат тој славен момент – тоа е бакнежот во јавност помеѓу парот „Бенифер“.

Да потсетиме, парот прв пат беше забележан заедно пред неколку недели за време на одмор во Монтана, а после тоа поминаа една недела заедно во Мајами, каде беа фотографирани неколку пати на балконот во вилата што ја изнајмија само за нив двајца.

Џенифер двапати го посети Афлек во Лос Анџелес и се чини дека ќе ја задржи врската на далечина и дека ќе биде на релација Мајами-Лос Анџелес, каде што живеат нивните деца.

Патем, тие се запознаа на снимањето на филмот „ Gigli “ во 2001 година и беа верени од 2002 до 2004 година, по што тој се ожени со актерката Џенифер Гарнер, со која има три деца и од која се разведе во 2018 година.

Во меѓувреме, Лопез беше во брак со пејачот Марк Ентони, со кого има близнаци – Максимилијан и Ема.