СВЕТОТ ШОКИРАН: Бред Пир ја претепал Анџелина – глумицата достави ДОКАЗИ за насилството на суд?

19 март, 2021
Angelina-Jolie-Domestic-Violence-Claims-Against-Brad-Pitt-Have-Taken-a-Toll (1)

Разводот на поранешната холивудска двојка е сè уште во постапка. Анџелина Џоли и Бред Пит водат битка околу старателството над децата и поделбата на имотот скоро пет години. Актерката планира да презентира нови докази за семејно насилство и злоупотреба на суд.

Анџелина Џоли до судот достави нови документи во врска со „наводното“ семејно насилство извршено од нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит.

Документите доставени до судот на 12 март покажуваат дека таа и нивните деца се подготвени да сведочат. Медокс (19), Пакс (17), Захра (16), Шајла (14) и близнаците Нокс и Вивиен (12), наскоро би можеле да се појават на суд, како сведоци во бракоразводната парница на нивните родители.

Angelina Jolie Accuses Brad Pitt of Domestic Violence: Court Docs

„Бидејќи парот беше во процес на развод, Анџелина изнесе разни невистинити тврдења во кои кажува лаги за нејзиниот поранешен сопруг, Бред Пит. Ги користела и децата. Ова е само обид да се наруши угледот на актерот “, изјави извор близок до актерот.

“Ситуацијата е прилично тешка. Јас сум фокусирана на подобрување на односите во нашето семејство. Сè уште не успеав во тоа. Но, се надевам дека тоа ќе се случи наскоро”, истакна актерката во интервју за списанието Вог.

escort - Korsan taksi