Таа се пофали со луксузот во кој ужива, НО ја исмејуваа за еден детал:

23 јануари, 2021
KAJLI

Младата милионерка Кајли Џенер (23) привлече големо внимание во јавноста откако на Инстаграм објави видео од луксузна бања.

Еден детал го привлече вниманието на следбениците, што изненади многумина и не требаше долго за таа да стане предмет на потсмев.

„Кајли живее во замок од 35 милиони долари и ова е притисок на водата врз нејзиниот туш“, забележа еден корисник на Твитер, проследен со лавина од слични коментари.

„Притисокот е пренизок, а главата за туширање е мала“, „Замислете си богата и се туширате вака“, „Кајли е толку опуштена што дури и туш не и создава притисок“, се само некои од многуте твитови кои Кајли и нејзиниот туш ги сместија меѓу врвните трендови на социјалната мрежа.

„Ви благодарам на сите што се грижите“, рече таа на крајот од видеото, кое бргу ги замолкна троловите.