Тајните на развод на славните: Лора не брани sвезди кои имаат помалку од 10 милиони долари на нивната сметка!

18 јануари, 2021
славни

Веста за раскинувањето на бракот на најпознатата старлета Ким Кардашијан (40) и нејзиниот сопруг, раперот Кание Вест (43), одекна низ целиот свет. Сега сите, како што се очекуваше, се прашуваат кој ќе има најголема корист од разводот. Изгледа може да е само Ким. Но, како оди тоа во светот на славните?

Кога славните во Холивуд се разведуваат, скоро е сигурно дека едната страна ќе ја ангажира адвокатката Лора Васер. Таа е една од главните адвокати за тужби за развод – преговори за предбрачни договори, договори на кои им припаѓа по разводот и старателството над децата – сè што и е потребно на елитата во Холивуд.

24sata

Некои од нејзините клиенти беа Анџелина Џоли, Дениз Ричардс, Ник Леши, Бритни Спирс (беше меѓу нејзините први врвни клиенти), Џенифер Гарнер, Гвен Стефани, Мелани Грифит …

Once Upon A Time In Hollywood Premiere - Los Angeles

Поради клиентелата од списокот на познати личности, нејзиното име често се наоѓа во светските таблоиди, а за Блумберг бизнис откри неколку тајни за тоа како славните личности всушност се разведуваат. Еден час од нејзиното советување чини 850 американски долари, таа задолжително бара аванс од 25 000 долари и скоро никогаш не зема клиенти кои имаат сметка од десет милиони долари. Лора најчесто се јавува кога клиент сака да ги заштити своите пари затоа што бил премногу заљeубен пред бракот за да размисли за предбрачен договор и со тоа да ги заштити своите долари на сметката.

Rome, photocall film "Maleficent"

Во Калифорнија, можете само да седите на каучот и да гледате телевизија додека вашиот сопруг се убива од работа, а сепак по разводот ќе добиете половина од сè што имате заедно. Љубов, почит, верност … Овие се убави работи, но во државата Калифорнија, од моментот кога ќе се омажиш, секој долар што ќе го заработиш, секоја слика што ќе ја насликаш и секоја страница од книгата што ќе ја напишеш – половина од тоа е сопственост твојот брачен другар – вели Васер. Таа веќе има разработено тактики за да ги спречи медиумите да забележат дека некој славен пар е пред развод. Нејзината тактика е многу едноставна – парницата за развод што може да привлече големо медиумско внимание се прави во исто време.