Тамара е сега “виновна“ и поради лезбијскиот бакнеж

28 април, 2021
лезбејскиот

Песната “Секс, само секс“ која пред неколку години ја пееше нашата Тамара Тодевска повторно е многу актуелна. И тоа во реалното шоу “Задруга“. Имено, пејачките Сандра Решиќ и Јована Томиќ учесничките во шоуто ја пееле токму оваа еротска песна, но на крај сите ги оставиле без трошка воздух.

Само затоа што Сандра и Јована имаа невкусна лезбијска сцена во која страсно се бакнуваат. Тоа предизвика вистински хаос, па многумина велат што и требаше на Тамара да ја пее оваа песна.

Прашањето е дали после несреќно испеаната химна, Тамара е повторно виновна?       И тоа за лезбијскиот настап на своите релативно непознати српски пејачки-колешки. Сепак идејата им била да се предизвика медиумски скандал во што Сандра и Јована очигледно успеале.

Преземено од vecer.press