„Тарзанка“ се врати во мода: Ријана и Мајли го вратија најомразениот тренд на фризури од 90-тите!
29 јануари, 2021
Американските пејачки Мајли Сајрус (29) и Ријана (32) повторно го започнаа најомразениот тренд на фризури од 90-тите години на минатиот век.
Имено, поговорката гласи „за вкусови не треба да се дискутира“, но оваа фризура е навистина една од помалку популарните, но познатите пејачки покажуваат дека навистина им одговара.
Ријана ја носи косата со голема самодоверба, па фановите велат дека е многу симпатична, додека според нив Мајли изгледа „излитено“.
Кратката коса со „опашки“ под ушите, попозната како „тарзанка“, е фризура што скоро сите жени ја избегнуваат, но храбрите пејачки навистина можат да го изнесат овој стил и на улица и на сцена.