Татјана и Новица ја сменија земјата на живеење, но не и домаќинските навики: Брачниот фолк пар со песна меша ајвар (ФОТО)

5 април, 2021
тања и новица

 

Додека кај нас времето се повеќе се затоплува, пролетта полека ја буди природата од зимскиот сон, на јужната хенисфера од земјината топка, летото си замина и настапува есента. Далечната Австралија е континентот каде живеат многу македонски иселеници, меѓу кои и некои познати естрадни ликови како брачната фолк двојка, пејачите Татјана Лазаревски и Новица Василевски.

Овој пар отсекогаш бил многу отворен и транспарентен и не го криел ниту професионалниот, ниту пак приватниот живот. Особено Татјана, која преку своите профили на социјалните мрежи редовно ги става на увид настаните, збиднувањата, тековните случки или што би рекле народски, сите „дешавки“  од нивниот семеен живот.

Музичката хармонија преточена во семејна, ги прави  Татјана и Новица не само една од најхармоничните професионално-приватни двојки, туку и семејство за пример, во  кое едниот се грижи за другиот, а обајцата за децата и домот. Дека е тоа така, распеаните сопружници приложија нова тура фото докази. Овој пат надалеку познатиот македонски домаќинлук беше во фокусот на вниманието.

Грижата за домот и семејството е секако одраз на домаќинлукот, кој не би бил комплетен ако не загосподариш со кујната и домашните специјалитети. А есента е вистиинското годишно доба за вакава демонстрација, врема кога распеаната брачна двојка со насмеани лица, дури и во далечната Австралија покажа како се прави македонска зимница!

Преземено од vistina.com.mk

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi