Татјана и Новица повторно имаа повод за славење, ама овој пат беа уникатни во замислата полна многу љубов (фото)

7 мај, 2021
tanja

Естрадната фолк двојка Татјана Лазаревска и Новица Василевски се едни од најхаризматичните брачни двојки.

Ако судиме пак според нивните чести објави на социјалните мрежи, гостувања во емисии и слично, тие секогаш прикажуваат една позитивна слика, духовитост и брачна хармонија.

Периодов доста често им се случува да имаат некоја прослава, како што беше и јубилејниот 50 роденден на Новица кој го славеа во ресторан, па следеше Велигден и празнично расположение, а сега на ред дојде уште еден важен момент од нивниот живот- годишнината од брак.

Намсто помпезно и во ресторан, Татјана и Новица се одлучија 18 додишнината од бракот да ја обележат дома и тоа во пижами.

Стиснати еден до друг, пред телевизор со пуканки, интимни и опуштени тие прославија полнолетство на бракот.

Кога постои љубов и почитување, тогаш амбиентот и не е толку важен, а тие зрачат еден покрај друг независно дали се во реаторан или дома по пижами.

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi