Татјана Стојановска се вакцинираше и порача сите да се вакцинираат

13 април, 2021
tatjana

Презентерката на вестите на Канал 5, Татјана Стојановска вчера се вакцинираше. Таа беше заедно со повеќе од 600 други нејзини колеги, новинари и медиумски работници кои вчера беа вакцинирани во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

Стојановска за вестите на Канал 5 упати апел до сите оние кои не веруваат во вакцинацијата дека имунизаијата е единствениот начин да се спасиме од пандемијата на Ковид 19.

Стојановска на својот профил на Фејсбук кон својата профилна фотографија додаде ознака „вакцинирана“.

Вчера беа вакцинирани оние новинари кои се пријавиле на повикот за вакцинација на ЗНМ и ги исполниле условите за да влезат во првата група на вакцинација. Опфатени се вкупно 631 медиумски работници, кои имаат над 40 години или се со хронични заболувања.

Преземено од brif.mk

escort - Korsan taksi