ТАТO Џастин и MAMA Хејли Бибер? Пејачот сподели фотографија за која СИТЕ зборуваат, моделот ги насмеа обожавателите со коментарот

20 јули, 2021
283599_dzastin-biber_ff

Поп-sвездата Џастин Бибер ги заинтригира своите следбеници на Instagram со интересна објава

Канадскиот пејач Џастин Бибер (27), кој е во брак три години со манекенката Хејли Бибер (24), инаку една од нашите омилени модели, навистина знае како да привлече внимание!

Тој на својот профил на социјалната мрежа Instagram објави црно-бела фотографија, на која позираше со сопругата, а во описот напиша:

– Мама и тато.

Набргу потоа, фотографијата собра повеќе од два милиони лајкови и безброј коментари, а светските медиуми ја објавија веста за неа со наслов дека манекенката е бремена. Неколку часа подоцна, самата Хејли ја искоментира објавата на Џастин, пишувајќи:

– Мислам дека можеби треба да го смените овој опис во „Мама и тато на куче“ пред некој да го изврти.

Парот, инаку, неодамна купи вила во Лос Анџелес вредна 25 милиони долари, па не е невозможно нивното семејство наскоро да биде побогато за еден член.

Дали моделот е сериозен или само се обидува да ги „измами трагите“? Едвај чекаме да откриеме!