Теа и „Дупер“ заедно во – „Не ми даваш сон“ (ВИДЕО)

13 септември, 2021
tea

Соработката помеѓу младата пејачка Теа Трајковска и момчињата од групата „Дупер“, Илчо и Борис се покажа како одлична.

Нивната заедничка песна „Не ми даваш сон“ која ја објавија пред само неколу дена, наиде на доста позитивни реакции и коментари од страна на публиката.

За само два дена, песната „органски“ имаше преку 50.000 прегледи, што е навистина одлична бројка за толку кратко време.

Меѓутоа за да дојдат до ваква песна Теа и Дупер ги здружија силите со одличниот хит-мејкер Лазар Цветкоски, кој досега соработувал многупати со Теа, а за првпат со Илчо и Борис.  Сите од нив се потпишуваат на музиката, додека пак текстот заеднички го напишаа Теа, Илчо и Борис.

Одлична песна, не оди без одличен видеоспот, па затоа Теа, Илчо и Борис снимија одлично видео под режисерската палка на Томислав Живковиќ.  Во спотот покрај нив тројца се појавуваат уште неколкумина статисти кои допринесоа сето тоа да изгледа така како што изгледа.

Инаку за оваа нивна соработка, Теа Трајковска има само убави зборови.

„Ми се допаѓа музиката на „Дупер“, ама ептен сум среќна што успеавме да создадеме нов звук и за мене и за нив и проект кој беше предизвик за нас тројца и Лазе. Мислам дека го погодивме „вајбот“ на песната со видео записот и дека во самиот спот се гледа дека си поминавме супер на снимање. Не смеам да заборавам да се заблагодарам на Даниел Николовски, дизајнерот Занов, Фешн енд Френдс и Дарко Петковски“ – изјави Теа.

Задоволството не го криеја ниту Илчо и Борис…

„Многу се радуваме на ваквите соработки кои се случуваат природно и неисфорсирано. Со Теа лесно најдовме заеднички јазик и успеавме да направиме песна што стилски подеднакво нѐ опишува и со музиката и текстот. Се надеваме дека ќе им се допадне на сите кои ќе ја слушнат и дека ќе се пронајдат во приказната позади стиховите“ – велат членовите на познатата група.

И Теа и „Дупер“ не ја исклучуваат можноста за повторно да соработуваат во иднина, а Вие  дотогаш уживајте во „Не ми даваш сон“.

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi