Тешкото растење на миленикот на жените: Неговите родители се разведоа двапати и се венчаа трипати, но тоа не е сè

6 април, 2021
milenik na zenite

Холивудската sвезда и миленик на жените, актерот Метју Меконахи, стана автор на бестселер кога ја објави својата биографија „Greenlights“.

Тој ја напиша за време на 52-дневна изолација во пустината Тексас, а во неа, меѓу другото, зборуваше за своето тешко детство обележано со бурната и често насилна врска на неговите родители.

Меконахи е роден во 1969 година во Увалде, Тексас. Неговата мајка Мери Кетлин била писателка и наставничка, а неговиот татко Џим локален бизнисмен со нафта, кој по средното училиште бил скоро за малку не станал професионално вклучен во американскиот фудбал.

„Јас сум најмладиот од тројцата браќа и јас сум син на родители кои се разведоа двапати и се венчаа трипати“, напишал актерот. Тој откри и како неговиот татко починал во 1992 година од срцев удар додека водел љубов со неговата мајка.

И додека во својата биографија неколку пати потенцираше дека многу ги сака и двајцата, тој исто така призна колку е тешко да пораснеш во нездравата средина што му ја пружиле нему и на неговите браќа. Тој во својата биографија го претстави турбулентниот однос на неговите родители преку неколку примери.

Се присети една вечер кога имаше само пет години и кога татко му побара уште една порција компири за вечера.

„Дали си сигурен дека сакаш повеќе, дебело момче?” Мајка го праша тогаш неговиот татко и продолжи да го исмејува за неговата тежина, а Метју и неговите браќа знаеја дека нешто лошо се подготвува.

„Тато ја преврте целата маса наопаку, стана и се упати кон мама, а таа веднаш истрча да повика полиција“, напиша тој. Работите тогаш станаа уште полоши, бидејќи неговиот татко ја притисна мајка му на ѕидот, а таа го удри преку лицето со слушалката и му го скрши носот.

Потоа ја опиша нивната борба во која таа имаше нож во раката и тој шише кечап. На крајот и двајцата беа прекриени со кечап и крв, додека Метју и неговите браќа се сокриле зад каучот.

„Паднаа на колена на подот од кујната, кој беше прелиен со кечап и крв … и започнаа да водат љубов“, се сеќава актерот во неговата биографија.

„Така се сакаа моите родители“, заклучи тој.

Инаку „Гринлајтс“ во моментов е една од најпродаваните книги во оваа деценија, нешто што и самиот актер не го очекуваше.