The House of the Dragon: Започна снимањето на серијата претходник на Game of Thrones

28 април, 2021
хоусе оф драгон

Ѕвездата на The Crown, Мет Смит е забележан на крајбрежјето во Морнвол со русокоса перика и костум кој би можел да издаде само едно: Започна снимањето на The House of the Dragon.

Серијата која во фокусот го става семејството Таргеријан, е сместена 300 години пред случувањата кои ги гледавме во Game of Thrones. 

38 годишниот Смит влегува во улога на Дејмон Таргеријан, а во негово друштво, на сетот на снимањето беше и актерката Ема Дарси, која го толкува главниот лик – Рајнера Таргеријан. 

Ема несомнено потсетува на Емилија Кларк, која ја толкуваше Денерис Таргеријан во Game of Thrones, особено поради долгата платинесто руса коса и плетенките, кои станаа заштитен знак на кланот Таргеријан. 

Приказната опфатена во серијата ќе раскажува за војната за наследство на железниот трон помеѓу Рајнера и Егон II Таргеријан, двајцата чувари на змејови.

Се очекува премиерно серијата да биде прикажана во пролет наредната година.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi