Тие ја диктираат модата: Славната манекенка Ирина Шајк и нејзината ќерка се вистински модни трендсетерки

31 мај, 2021
9e4f2723cef7cec93d28f791418ff43127e72441

Ирина Валериевна Шаиклисламова, попозната како Ирина Шајк, е позната руска манекенка и актерка, која сега живее и работи во САД.

Има работено на модни ревии за модни брендови и дизајнери како Кристијан Диор, Шанел, Луј Витон, Версаче, Прада и други. Таа беше во врска со фудбалерот Кристијано Роналдо од 2010 година, но раскина со него во јануари 2015 година. После тоа, таа беше во долга врска со актерот Бредли Купер и со него на почетокот на 2017 година доби ќерка, Лео .

Иако вонбрачната врска заврши ненадејно, бидејќи се шпекулираше заради аферата на Бредли Купер со Лејди Гага по филмот во кој учествуваа заедно, Ирина и Бедли се обидуваат заедно да ја воспитаат својата ќерка Леа.

Сепак, се чини дека Леа ќе биде вистинска наследничка на мајка ѝ, имајќи предвид дека е вистинска трендсетерка уште како дете, и заедно со Ирина Шајк доминира низ светските улици.