ТИЕ ОФИЦИЈАЛНО СЕ БОЖИЦИ НА УБАВИНАТА И СОВРШЕНСТВОТО: Според истражувањето на светски хирург, тие имаат БОЖЕСТВЕНИ црти на лицето!

15 јуни, 2021
10276_kara-delevinj_ls

Според студијата на славниот естетски хирург Џулијан де Силва, познатата манекенка Бела Хадид е најубава во светот. Славниот хирург ја состави својата листа на 10-те најубави жени во светот користејќи ја теоријата за златен размер.

Овој концепт потекнува од античка Грција и се нарекува „божествен“ затоа што тие пропорции се најблиску до совршенството. Со векови бил користен од многу уметници, а особено во ренесансата за создавање на совршени уметнички дела.

Следејќи го духот на времето, лекарот го примени правилото на златниот однос на поинаков начин да открие на математички начин кои жени се физички совршени. За да го пресмета златниот однос на убавината, Де Силва ја заснова својата пресметка врз големината и положбата на очите, веѓите, носот, усните, брадата и вилицата и сето тоа го измери барајќи симетрија.

Кога ги имаше сите податоци и ги собра – Бела Хадид има најсиметрично лице со резултат од 94,35 проценти. Секако, убавината се слави во сите нејзини форми и несовршености, и оваа листа е земена во предвид во однос на стандардите за козметичка убавина.

Бела Хадид – 94,35 проценти

Бијонсе – 92,44 проценти

Амбер Херд – 91,85 проценти

Аријана Гранде – 91,81 процент

Тејлор Свифт – 91,64 проценти

Скарлет Јохансон – 90,91 процент

Натали Портман – 90,51 процент

Кети Пери – 90,08 проценти

Кејт Мос – 91,05 проценти

Кара Делевињ – 89,99 проценти

escort - Korsan taksi